Од месец ноември ќе стратува програмата за сертифицирани курсеви за 3ds MAX и V-RAY и во Штип. Покрај во Скопје, Битола и Охрид, наскоро и сите заинтересирани во штипскиот регион ќе можат да се стекнат со дипломи кои ќе ги добијат директно од АУТОДЕСК САД кои се со важност за цел свет.

-Нашата компанија интензивно се подготвува да стартува со сертифицираната програма преку која низ теорија, вежби, туториали и презентации од страна на oвластен инструктор ќе се обучат сите заинтересирани кандидати. Курсистите ќе се стекнат со искуство и ќе го надградат своето знаење во областа на компјутерската графика и 3д-технологијата.-велат од „Аутодеск Македонија“.

Основниот курс за 3DS MAX ќе трае речиси два месеца во опремена лабараторија во Штип. На крајот од курсот кандидатите ќе изработат рендер по сопствена желба менториран од страна на инструкторот и со тоа ќе се здобијат со портфолио кое ќе го користат во сопствени цели. Исто така изработениот труд ќе биде презентиран и на официјалниот сајт на „Аутодеск Македонија“.

 „Аутодеск Македонија“ е единствена сертифицира институција во земјава од страна на АУТОДЕСК САД за 3DS MAX и досега со најголемо искуство во оваа област. За повеќе информации заинтересирани кандидати можат да се обратат на: [email protected].

OhridNews