Не се очекуваат поплави, преливање на реките, природните езера и акумулациите, поради најавениот пораст на температурите и топењето на снегот, изјавија денес од Координативното тело за справување со состојбата по обилните снежни врнежи, по одржаниот состанок на кој била разгледана и хидролошката состојба на реките и природните езера.

– Тековно ја следиме  ситуацијата. Информирани сме дека нивоата на сите акумулации низ државата, езерата и реките се во минимална квота и според климатските услови во Македонија и според сегашната ситуација не се очекуваат поплави, информираше министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Од Координативното тело потенцираа дека во меѓувреме продолжува доставувањето на неопходни намирници во  завеаните села и расчистувањето на патните правци.

OhridNews