Последниот извештај на Европската комисија за С. Македонија јасно ја покажува загриженоста на Брисел за највредното природно и културно богатство во земјава, велат од невладината Фронт 21/42.
Преземени се неколку чекори за спроведување на заклучоците на УНЕСКО за природното и културното наследство на регионот на Охрид. Сепак, сè уште се потребни значителни напори, особено за да се спречи да се најде на листата на светско природно и културно наследство во опасност“, се вели во Извештајот.
Дури и во дипломатскиот речник на ЕК може да се забележи разочарување од пристапот на држата кон светското наследство. И покрај сите обиди на власта да прикаже колку „сериозно е посветена на исполнувањето на препораките од УНЕСКО“, Брисел многу точно гледа „неколку чекори“ и укажува на потребата од „сериозни напори“, – велат од Фронт 21/42.
Благодарни сме што Европската комисија го издвои зачувувањето на нашето најголемо природно и културно богатство како еден од проблемите на патот до членство во Унијата. Се надеваме дека во процесот на преговори лупата на ЕУ ќе се приближи уште поблиску до следење на реалните чекори на нашите институции. Посакуваме да е поинаку, да имаме власт и одговорни лица кои имаат свест за вредностите на светското наследство, знаење и мудрост како да го претворат зачувувањето и унапредувањето на тие вредности во економски развој, храброст за доследни и решителни акции. Посакуваме да имаме власт која е свесна за големината и тежината на одговорноста за предавање на едно уникатно светско богатство на идните жители на планетава – но, немаме. Охридскиот регион ги задоволува критериумите да биде впишан во Листата на светски наследства во опасност (според извештаите на експертските тела за природа и култура на УНЕСКО) – ова е резултатот на одлуките на сите влади од 1991 до денес. – истакнуваат од Дури и во дипломатскиот речник на ЕК може да се забележи разочарување од пристапот на држата кон светското наследство. И покрај сите обиди на власта да прикаже колку „сериозно е посветена на исполнувањето на препораките од УНЕСКО“, Брисел многу точно гледа „неколку чекори“ и укажува на потребата од „сериозни напори“. – велат од Фронт 21/42.
Од невладината сметаат дека сега е време државата да покаже дека на патот кон ЕУ е способна да ја промени сопствената политика кон Охридскиот регион и навистина сериозно да се посвети кон исполнување на препораките. Дотолку повеќе што Охридскиот регион е една од малкуте врвни вредности од глобално значење со кои (се уште) располага нашата земја, а кои би имале некакво значење за клубот во кој сакаме да не примат, велат еко активистите.
Критики за (не) спроведувањето на забелешките на Реактивната мисија на УНЕСКО
Во 2017 мисијата на УНЕСКО ја класифицира ситуацијата со природното и културното наследство во Охридскиот регион како ранлива и критична и даде 19 препораки кои државата мора да ги исполни за да се спречи понатамошната деградација на Исклучителните Универзални вредности (ИУВ) поради кои регионот ја носи титулата „светско наследство“.
За жал, во периодот од преку 3 години, од сите 19 препораки, досега суштински е исполнета само препораката Македонија да се откаже од ски-центар и автопат на НП Галичица. И ова со напомена дека во моментов се изготвува План за управување со НП Галичица и сè уште не можеме со сигурност да тврдиме дека некоја верзија на овој проект (или некој друг подеднакво апсурден) нема да се појави повторно. – посочуваат од Фронт 21/42.
Според невласдината организација клучна алатка за зачувување на наследството и суштинско спроведување на препораките е ефективна законска регулатива.
Според нас, се додека не се усвои нов, ефективен, Закон за управување со Охридскиот регион, надлежните немаат намера да го зачуваат наследството, ниту созреана свест за неговото значење и вредност. Законот е најјасниот лакмус. – предупредува невладината Фронт 21/42.
OhridNews