Поради силното невреме и обилните врнежи од дожд кои што го зафатија градот екипите на ЈП „Нискоградба“ до доцна по полноќ беа дополнително ангажирани на отстранување на дефекти на канализационата мрежа на повеќе локации низ градот, информираат од претпријатието.
Активностите продолжуваат и денес со проверка на ревизионите шахти и вадење на цврст отпад и талог. Повторно како најголем проблем за појава на дефекти се посочува неправилно депонирање на цврстиот отпад посебни влажните марамчиња и женските хигиенски производи, велат.
Воедно апелираат за совесно депонирање на ваквиот отпад се со цел намалување на проблемите и подобар проток на флуиди во цефководите.
А, по вчерашните поројните дождови и екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ излегоа на терен.
Се интервенираше на критичните места каде од обилните врнежи се наталожија наноси од песок, земја и др., а посебен акцент се стави на охридската чаршија, градското шеталиште, како и во стариот дел од градот, велат од претпријатието.
Според информацијата на УХМР најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид 40 литри на метар квадратен.
OhridNews
















