Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата кога јавноста изврши голем притисок поради неуспехот во баражот за пласман на Светското првенство во Русија.

Италија по 60 години нема да учествува на еден мундијал, а по неуспешниот бараж и елиминацијата од Шведска, јавноста како главни виновници ги посочи селекторот Џампјеро Вентура и првиот човек на Сојузот, Тевекио.

Вентура, бидејќи имаше важечки договор до 2020 година, спогодбено го раскина и замина од функцијата минатата недела, а Тевекио тоа го стори во понеделникот.

Овој 74-годишен спортски функционер на чело на Сојузот застана во 2014 година, а во март годинава беше реизбран на функцијата.

OhridNews