Утре (сабота) во 19 часот и 30 минути во СРЦ „Тими“, Струга и Охрид ќе ги одмерат силите во популарното „Езерско“ дерби. Пресметката се игра во рамките од седмата рунда во Супер лигата.

Струга и Охрид имаат сосема различен тек во новата сезона од македонскиот ракометен шампионат. Стружани се во долниот дел од табелата без победа, додека „гладијаторите“ од второто место му дишат во врат на лидерот Металург. Местото на табелата, статистиките и фаворитската улога не значат ништо кога се работи за дерби помеѓу двата лути ривали покрај езерото.

  • Минатата сезона читав и слушав многу убави работи за пресметките помеѓу Охрид и Струга. Најпрво што сакам е да се задржи нивото односно повторно да има ривалство и почит на теренот. Ние сме во добра серија, влегуваме со голема самодоверба после триумфот над Бутел и нема да избегаме од фаворитската улога. Нашиот императив е победа и освојување на трите бодови. Во никој случај не сакам да ја потцениме Струга, но мора ние да сме фокусирани и максимално ангажирани во двата правци. – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

 

Минатата сезона двата ривали одиграа четири средби, по две во Супер лигата и две во плејаутот и скорот беше изедначен 2-2.

Двојки 7.рунда:

Бутел Скопје – Металург 2 29-23

Вардар Јуниор – Пролет

Радовиш – Работнички

Струга – Охрид

Пелистер – Металург

OhridNews