Охридските боксери забележаа победа и пораз во второто коло од екипното првенство во Македонија кое се одржа во Штип.

Победа за боксерскиот клуб од Охрид донесе Бојан Ристевски во категорија до 69 килограми совладувајќи го Емраи Мустафа. Вториот преставник од Охрид, Стефан Петревски претрпе пораз од Хајтин Ферати во категоријата до 75 килограми. Во рингот но како судија се појави прославениот македонски боксер Примислав Димоски.

Резултати :

66-кг кадети Осман Демиров (Баргала) – Арфим Камбери (Шкендија)
57-кг кадети Љузмим Исмаили (Шкендија) – Јашар Реџеп (Баргала)
75-кг јуниори Хајтин Ферати (Шкупи) – Стефан Петревски (Охрид)
64-кг јуниори Никола Димитров (Фајтер) – Христијан Андреев (Аперкат)
63-кг сениори Афет Фајредини – Мухамед Кадриев (Баргала)
69-кг сениори Бојан Ристевски (Охрид) –  Емраи Мустафа (Баргала)

Мх.П.