Кошаркарите на АВ Охрид остварија половичен успех во двете контролни средби кои ги одиграа во соседна Србија.

„Галебите“ победија во првиот меч (74-72) со Константинг, додека во вториот со Здравје кој беше трет дуел во 72 часови за охриѓани претрпеа пораз.

Избраниците на Петар Чочороски имаат позитивен ефект во тест средбите, бидејќи пред контролните мечеви во Србија го победија Пелистер на домашен терен.

Охридскиот кошаркарки клуб подготовките ќе ги финишира во црногорскиот град Тиват каде ќе остане седум дена. „Галебите“ ќе играат тест средби со Требиње, Теодо, Приморје и Студентски Центар и ќе ги наполнат батериите пред почетокот на новата сезона во Првата лига.

OhridNews