Победа и реми по првиот ден во Крагујевац за екипата на “Фер Плеј“. Генерацијата 2001/02 оствари триумф над своите врсници од Раднички со 2-1. Стрелец на два погодоци беше Марко Арсенов додека почесниот погодок за домаќините го постигна Алексиевиќ.



Пионерите ремизираа со врсниците од Шумадија играјќи 1-1. “Петлите“ на полувремето имаа негатива од 1-0, советите на паузата од тренерот Марјан Настоски вродија со плод. Димитар Героски со фантастичен погодок од половина терен го израмни резултатот.


Во денешните натпревари генерацијата 2001/02 ќе ги одмери силите со Шумадија додека пионерите ќе се сретнат со Раднички од Крагујевац.

Од Крагујевац, Србија:
Михаил Постоловски