Водечката екипа во германската Бундес лига, Баерн Минхен запиша нови три бодови на табелата победувајќи го Штутгарт со минимални 1-0 на Мерцедес Бенз арената.
Победата на „баварците“ ја режираа Томас Милер и голманот Свен Урлих. Фудбалерот во 71-та минута погоди за 1-0, а голманот Урлих во 90-та успеа да го скроти пеналот на Чадрак Аколо.
Со овој триумф Баерн Минхен ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Шалке кој ремизираше 2-2 на гостувањето кај Антрахт Франкфурт.
Резултати: Аугзбург – Фрајбург 1-3, Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 2-2, Келн – Волфзбург 1-0, Штутгарт – Баерн Минхен 0-1, Вердер Бремен – Мајнц 2-2, Борусија Дортмунд – Хофенхајм 18:30ч.
Табела: Баерн Минхен 41, Шалке 30, Лајпциг 28 (-1), Борусија Менхенгладбах 28, Баер Леверкузен 27…
OhridNews