Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен почеток на мастерс турнирот во Монте Карло, откако во првата рунда во два сетови (6-0, 6-1) го декласираше Душан Влајовиќ.

Промените во стручниот штаб на Ѓоковиќ вродија со плод и Србинот успеа да победи после четири месеци. Последниот триумф Ѓоковиќ го забележа во 1/16 финалето на Австралија Опен.

– Секогаш ми е задоволство да играм тука. Живеам овде и тренирам на овие терени, навистина се чувствувам како дома. – истакна најдобриот српски тенисер и додаде – Се враќам по еден многу тежок период и исклучително ми е драго што повторно со мене е Марјан Вајда.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Хрватот Борна Чориќ кој во првата рунда славеше над Жулијен Беноте во два сетови.

OhridNews