Терминот за одигрување на контролни натпревари го искористија и Хрватска и Србија кои забележаа спротивни резултати. „Коцкастите“ на домашен терен ја совладаа селекцијата на Израел со 2-0 додека србите претрпеа минимален пораз од Полска (1-0).
Стрелци за хрватите во победата над Израел беа фудбалерите на Интер, Брозовиќ и Перишиќ додека за полјаците за триумф погоди Блажиковски.
Покрај овие мечеви, контролни натпревари одиграа Словенија – Македонија (1-0) и Романија – Литванија (1-0).
ОhridNews