Шампионот Кливленд и вицешампионот Голден Стејт имаа различен учинок на стартот од новата сезона во НБА лигата. „Коњаницата“ пред своите гледачи го декласираше составот на Њујорк победувајќи го со убедливи 117-88 додека „воините“ претрпеа висок пораз од Сан Антонио 129-100.


„Трипл-дабл“ учинок во триумфот на шампионот имаше Леброн Џејмс кој зад своето име запиша 19 поени, 14 асистенци и 9 скокови. Најпрецизен во тимот на Кливленд беше Кајри Ирвинг со 29 уфрлени поени.


Кошаркарите на Голден Стејт немаа одговор за Кеви Леонард кој постигна вкупно 35 поени. Голема поддршка Леонарди имаше ЛаМаркус Олдриџ кој реализираше 26 кошеви. Триото на „воините“, Дурант, Кари и Томпсон заедно искомбинираа 64 поени што беа премалку за нешто повеќе против „мамузите“


Триумф во првите мечеви во НБА лигата славеше и Портланд кој со 113-104 го совлада тимот на Јута Џез.

OhridNews