Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, остана во трка за место во Групата 4, кое води во баражот за пласман на Европското коло.
Македонските надежи, во претпоследното коло, како гости во Белфаст ја совладаа Северна Ирска со 3:1.
Избраниците на Бобан Бабунски до победата и трите бода стигнаа со пресврт, откако домаќинот во 10-та минута преку Мегенс го отвори резултатот. Во продолжение Македонија постигна три гола: Спировски 48., Тимов, 72. и Станков 90-та минута.
Во пресрет на последното коло во групата Македонија е трета со 12 бодови, лидер е Србија со 15 бодови, втора е Данска со 13 бодови. Данска и Србија во претпоследното коло одиграа 1:1.
Последното коло ќе се одигра на 10. септември, Македонија ќе гостува во Србија, додека Данска ќе ја пречека Северна Ирска.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...