Победа на Србија против Албанија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во Франција кој ќе се одигра на 8 октомври во Елбасан не е опција во албанските кладилници.


Коефициентот за победа на домаќинот изнесува 2.5, за реми е повисок 3.2, а за триумф на гостинскиот состав нема коефициент.

Мечот меѓу Албанија и Србија предизвика големо внимание не поради фудбалски причини туку од инцидeнтите од минатиот натпревар кој беше прекинат и разрешен во УЕФА и ФИФА место на теренот.

Голем број на полиција и приватно обезбедување ќе се грижи за безбедноста на гостинските фудбалери кои спречија поголем инцидент на мечот одигран во Србија пред година дена.

Ohridnews