Новајлијата во Првата лига, Струга Трим Лум со победа од 4-0 против романскиот тим Дунареа Калараши ги започна подготовките во Банско соседна Бугарија.

„Црвено белите“ на дуелот со романците ја продолжија ефикасна игра која ја ги краси од воведните мечеви од подготовките кога со 7-0 и 6-1 славеа над косовски Кек односно Вардар Форино.

Стрелци на головите за стружани во новиот триумф беа Дејан Цветаноски, Абдулахја Шкор, Емран Рамадани и Христијан Кировски.

Следен предизвик за дебитантот во Првата лига ќе биде средбата со Алтин од Туркменистан на 23 јули и косовска Дрита на 26 јули.

На 29 јули, Струга Трим Лум ги завршува во Банско и се враќа во Струга каде ќе ги финализира подготовките за почетокот на Првата лига, кој е закажан за 11 август.

OhridNews