Манчестер Јунајтед со триумф (3-1) над Нортемптон и пласман во следната рунда од Лига купот стави точка на серијата од три порази во сите натпреварувања.


На „црвените ѓаволи“ повеќе од потребна им беше победа, а мечот со нисколигашот во Лига купот добре им дојде по неуспешните резултати.

Во 18-та минута „бебињата“ преку Карик го отворија резултатот, а пред крајот на првиот гол на голема радост од домашните навивачи Нортемптон изедначи од пенал.

Со головите на Шпанецот, Андер Ерера и Маркус Рашфорд гостите од Манчестер стигнаа до победата, вредна пласман во следнат рунда од Лига купот.

 
Резултати: Фулам – Бристол Сити 1-2, Нортемптон – Мен Ју 1-3, КПР – Сандерленд 1-2, Саутемптон – Кристал Палас 2-0, Свонси – Мен Сити 1-2, Вест Хем – Акрингтон 1-0, Стоук – Хул 1-2, Тотенхем – Гилингам 5-0.

OhridNews