По шест одиграни кола екипата на Милано го препушти тронот на акутелниот шампион Работнички кометал. Во натпреварот кој беше главна проба за она што ги чека во четврток на Рибок стадионот Работнички со 2-0 ја совлада Шкендија.Во дуелот на братските екипи Цементарница и Вардар натпреварот заврши 2-2 . Бразилецот Фиљо на двапати ја затресе мрежата на Ѓеорѓивски,а Костовски донесе бод за Вардар.Во Кумановското комшиското дерби со голот на Азири Башкими се спаси од пораз играјки 2-2 со Милано. Капитенот Деспотовски ја прекина агонија на Македонија совалдувајки го минимално Напредок со 1-0.Со идентичен резултат завршија и натпреварите Победа –Силекс односно Ренова – Пелситер .

Еуро ракомет
    Македонскиот шампион Вардар Про со победа стартуваше во овогодинешната лига на шампиони.Во полупразното Кале минимално црвено – црните и го совлада Швајцарскиот шампион Кадети Шафхаузен со 27-26 .
    Македонскиот преставник во купот на ЕХФ Металург иако важеше за фаворит изнендаден беше на гостувањето на Кипар од Строволос со 26-21.
    Ништо подобро не поминаа и нашиот женски преставник во 2. коло на Купот на ЕХФ, ракометарките на Кале во Кичево беа убедливо поразени од францускит Мио Бигано, со 21-30  .

Супер купот за Струмица
    Актуелниот шампион во македонското кошаркаско првенство Струмица е победник во кошаркарскиот Супер Куп со кој се означи почетокот на новата кошаркаска сезона.Лесна задача за струмичани беше победникот на националниот куп Вардар Осигурувањње кој го доби со 99-62 .Во првото коло од новото првенство кое започнува наредниот викенд Охридскиот АМАК СП му гостува на Струмица .