Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата со среќен гол во вториот дел стигна до минимална победа (1-0) на дуелот со Брајтон на Олд Трафорд во 13-та рунда од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ имаа 3-4 изгледни прилики за погодок во првиот дел, но Лукаку, Погба и Марсијал не ги претворија во погодок.
Среќата на домаќините им се насмевна во 66-та минута кога топката по ударот на Ешли Јанг ја „закачи“ Луис Данк и заврши зад грбот на гостинскиот голман.
До крајот домашните фудбалери ја задржаа минималната предност и дојдоа до седмиот триумф во седмиот меч на Олд Трафорд.
Резултати: Мен Ју – Брајтон 1-0, Кристал Палас – Стоук 1-1, Њукасл – Ватфорд 0-3, Свонси – Бурнмаут 0-0, Тотенхем – ВБА 1-1, Ливерпул – Челси 18:30ч.
Табела: Мен Сити 34 (-1), Мен Ју 29, Челси 25 (-1), Тотенхем 24, Ливерпул 22 (-1)…
OhridNews