Лесно и убедливо македонските репрезентативци го совладаа аутсјадерот во нашата група Бугарија  41-24 (23-13).

Бугарската селекција во ниту еден момет не беше рамноправен противник, а в.д селекторот Темелковски им даде шанса на сите ракометари да истрчаат на теренот.

Најефикасен беше Филип Лазаров со 8 погодоци, а по шест пати бугарската мрежа ја затресоа Карајованов и  Макалоски.

По двете победи над Бугарија не очекува одлучувачкиот двомеч против селекцијата на Португалија.

За натпреварите со Португалија, на 17 и 20 Јануари во нашиот состав ќе се врати капитенот Кире Лазаров.

ЦД-то “скокаше“ за време на нашата химна ! !

При интонирањето на нашата химна “Денес над Македонија“ цд-то не беше “мирно“ по што мораше да биде прекинато.  Тоа не и сметаше на публиката во салата во еден глас да ја испеа нашата химна.

Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на 11 -та  загинати припадници на АРМ.