Ракометарите на Охрид собраа сили по тешкиот пораз од Тинекс Пролет на стартот од втората полусезона во Супер лигата и го совладаа Пелистер пред своите гледачи со убедливи 27-21.


– Многу тешко беше да се крениме после поразот од Тинекс Пролет. Но, успеавме и многу ми е мило што испадна вака. Победата ја посветуваме на „Рибарите“ кои несебично не бодрат секаде на терените ширум Македонија. – рече десното крило Аце Трифуноски стрелец на четири голови.


„Гладијаторите“ по подолго време одиграа натпревар без осцилации. По презамањето на водството во 10-та минута го задржаа до крајот што им донесе рутинска победа.


– Одигравме без калкулации и на победа. Така баравме и ние пред стартот на шампионат, така ќе играме и сега. Моите ракометари покажаа дека знаат и дека мечот со Тинекс Пролет беше само лош ден. Од сега почнуваме да правиме концепт за следната сезона каде се надевам дека ќе задржиме поголем дел од овие ракометари. – потенцираше охридскиот стратег Горан Андоновски.



Триумфот над „зелено-белите“ беше поздрав со аплаус од охридската публика, која никогаш не ја загуби довербата во „гладијаторите“.

Фото : Емилио
Мх.П.