Феникс Санс ја прекинаа губитнилката серија, совладувајќи го Далас со 102:88, во натпревар кој го одбележа тешката повреда на бекот шутер Ијзеа Канан, кој во првата четвртина се здоби со скршеница на левиот скочен зглоб. Моментот на повредата може да го видите на следниот ЛИНК

Рукито Џош Џексон одигра меч на кариерата со 21 поен. Него го следеше Варен со 20, нанесувајќи им го на „Маверикс“ петтиот пораз во серија, осми во последните девет натпревари.

OhridNews