Џејмс односно Хесе Родригез со два погодоци беа творци на победата на Реал Мадрид со 2-1 над Севилја на Сантијаго Бернабеу.
Прво колумбискиот репрезентивец стрелаше во 12-та, а Хесе, кој го носи истото презиме како Џејмс во 36-та минута го дуплираше водството. Почесниот погодок за гостите го постигна Иаго Аспас во финишот од мечот.
Со триумфот во заостанатиот натпревар „кралевите“ се одлепија на +4 од второпласираната Барселона и +7 од актуелниот првак Атлетико Мадрид.
Мх.П.