Убедливи победи на старот на 38. издание забележаа минатогодишните финалистити Пелистер и В.В. Тиквеш.

Во Б групата Пелистер го совлада домаќинот Струга со 29-18. Hајпрецизни кај битолчани беа Димитрoвски и Петровски со пет односно 4 гола. Мала утеха за домаќините може да биде тоа што најпрецизен на мечот беше Костески со седум гола.

Бранителот на трофејот Тиквеш ја победи српската Јагодина со 33-17. Павловски кај кавадарчани и Савиќ кај Јагодина постигнаа по пет погодоци.

Во второто коло денес играат: Струга – Кастриоти (18,30), и  В. В. Тиквеш – Спартак Варна (20.00).

М.П.