Францускиот состав Шартр и турскиот тим Бешикташ со победи над Струга (34-16) односно Алингсас (29-26) ги започнаа натпреварите на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“.

Шартр со триумфот над Струга се доближи до финалето за кое сепак ќе решава во дуелот со тимот на Металург, додека Бешикташ направи чекор напред по тешката извојувана со пресврт победа.

Во вториот ден од турнирот дебитански настап ќе има Ракометниот клуб Охрид токму против Бешикташ. Во останатиот меч ќе се сретнат Металург и минатогодишниот првак Шартр.

OhridNews