Наполи и Фиорентина ја продолжија неизвеснота во трката за место во Лигата на Шампиони. Наполи со голот на Инсиње во 94 минута го совлада со 3-2 и се одлепи од Милан на плус седум на втората позиција.

Фиорентина славеше со 4-3 над Торино со голот на Ромуло во финишот. Виолетовите имаа 3-0 предност кој ја прокоцкаа но на крајот успеаа да се извлечат. Избраниците на Монтела се доближија на минус еден од Милан.

Победа конечно забележа и Интер кој со голот на Роки ја совлада Парма минимално со 1-0. За Томасо Роки ова беше 101 погодок во Серија А.


Милан во дербито на колото вечерва му гостува на Јувентус.