Со нови три натпревари синоќа продолжија возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.

Др. Баткоски славеше против Требеништа со 3:0, со идентичен резултат ДОЕЛ Ноче ја совлада Мики Про Керамика, додека Мороишта беше подобра од Бурекџилница Го-Ка со 3:1.

Резултати – 12 август:

Др. Баткоски – Требеништа 3:0
ДОЕЛ Ноче – Мики Про Керамика 3:0
Мороишта – Бурекџилница Го-Ка 3:1

Турнирот продолжува вечерва, 13 август, со уште три натпревари. Програмата од 20:30 часот ја отвораат Ескобар Волино и Екстра Скопско.

Распоред – 13 август:

20:30 Ескобар Волино – Екстра Скопско
21:30 Типлери – Том Гор
22:30 Асп Пак – Македонија