Ангелот на Викторија Сикрет, Изабел Гуларт ја разбранува целата светска јавност обелоденувајќи дека победите на Пари Сент Жермен во кои нејзиниот дечко Кевин Трап учествува се слават бурно во креветот долго во ноќта.
– Кога ПСЖ ќе победи, а Трап брани на голот тогаш во креветот е многу бурно до доцна во ноќта. Кога ПСЖ ќе изгуби, тогаш ништо не помага и воопшто не притискам за водење љубов. – призна Гуларт.
33-годишната Бразилка и германскиот чувар на мрежата во врска се две години и преставуваат еден од најубавите шоу бизнис парови во светот. Неодамна на одморот во Бразил друштво им правеа Нејмар и неговата девојка.
OhridNews