Манчестер Јунајтед прокнижи нови три бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Свонси на „Либерти“ стадионот со убедливи 4-0.

„Црвените ѓаволи“ отпорот на домаќините го скршија во последната минута од првиот дел кога Ерик Баи ја смести топката во празната мрежа по ударот на Пол Погба.

Избраниците на Жозе Мурињо вистинското лице го покажаа од 81-та до 84-та минута постигнувајќи три погодоци. Гол шоуто го најави Ромелу Лукаку, го продолжи Пол Погба, а го заокружи Ентони Марсијал.

Манчестер Јунајтед втор пат постигнува четири погодоци и ја сочувува мрежата празна, откако во првото коло славеа со 4-0 над Вест Хем.

OhridNews