Триото Барселона, Атлетико и Реал Мадрид со победи во вондредната 34-та рунда ја продолжија трката за титулата во шпанската Ла лига.


Каталонците совладувајќи го Депортиво со убедливи 8-0 ставија точка на серијата од четири меча без победа. Четири од осумте голови постигна Луис Суарез, а Уругваецот асистираше на уште три голови.

 
Атлетико Мадрид успешно со минимална победа 1-0 го освоија целиот плен на Сан Мамеш победувајќи го Атлетик Билбао. Човек на одлука беше Фернандо Торес кој погоди за победа во првиот дел.


„Кралевите“ им дишат во врат на Барселона и Атлетико Мадрид по триумфот над Виљареал 3-0 на Сантијаго Бернабеу. Бензема во 41-та минута го отвори резултатот, а во вториот дел домаќините со головите на Лукас Васкез и Модриќ ја запечатија победата.


Резултати: Депортиво Ла Коруња – Барселона 0-8, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 0-1, Малага – Рајо Ваљекано 1-1, Спортинг – Севиља 2-1, Валенсија – Еибар 4-0, Реал Мадрид – Виљареал 3-0.

Табела: Барселона 79, Атлетико Мадрид 79, Реал Мадрид 78…

OhridNews