Португалскиот стручњак Жозе Мурињо со триумф ја почна одисејата во Манчестер Јунајтед, откако неговите избраници со 2-0 го совладаа тимот на Виган.


Стрелци на головите за „црвените ѓаволи“ беа фудбалерите од младинскиот погон, Вилијам Кин и Андрес Переира во вториот дел од натпреварот.


Против „латекси“ неофицијално деби покрај менаџерот на „ѓаволите“ имаа фудбалерите Ерик Бејли и Хенрик Мхтаријан.


Исто така на теренот по пауза од десет месеци се врати Лук Шо. Англискиот репрезентативец отсуствуваше поради двојна фрактура на десната нога, добиена септември месец минатата година.

OhridNews