Фудбалерите на Пари Сент Жермен со минимална победа (1-0) над Бастија ја започнаа одбраната на круната во Првата француска лига.


Таличен за „светците“ беше дефанзивецот Лејвин Курцава кој мрежата на домаќините ја погоди во 78-та минута од натпреварот.


Покрај мечот во Бастија се одигра уште еден, а во него Монако и Гингамп ги поделија бодовите играјќи 2-2.

OhridNews