Прославениот француски фудбалер Зинедин Зидан со победа над Депортиво Ла Коруња 5-0 ја започна тренерската кариера во Реал Мадрид.


„Сантијаго Бернабеу“ со громогласни аплаузи го поздрави Зидан при најавувањето, а позитивната атмосфера од трибините се преслика и на теренот.


„Кралевите“ предводени од Герет Бејл кој реализираше три погодоци и Карим Бензема кој пак го отвори и затвори резултатот му посакаа срдечно добре дојде на популарниот „Зизу“.

 
 
Резултати : Барселона – Гранада 4-0, Гетефе – Бетис 1-0, Севиља – Атлетик Билбао 2-0, Реал Мадрид – Депортиво 5-0, Леванте – Рајо Ваљекано.

Табела : Барселона 42 (-1), Атлетико Мадрид 41 (-1), Реал Мадрид 40, Виљареал 36 (-1)…

Мх.П.