“Рибарите“ со цел плен се враќаат од гостувањето во Прилеп. Фудбалерите на Охрид 2004 со убедливи 3-0 го совладаа фенерџијата на табелата 11 Октомври. Српскиот интернационалец Ѓуровиќ во 13-та минута го отвори резултатот, капитенот Џалески во 50-та го дуплираше водството додека конечниот триумф го запечати Клечкароски во 67-та минута, со третиот погодок во сезоната.


Со шестиот триуфм во сезоната охриѓани “скокнаа“ на сигурната седма позиција. Во наредното 21 коло “рибарите“ на домашен терен го пречекуваат Работнички.

Мх.П.