Екипата на Челси го освои целиот плен на „Емирати“ победувајќи го Арсенал со минимални 1-0 во лондонската пресметка во 23-та рунда од Премиер лигата.


„Сините“ сезонава не бележат посакувани резултати во англиската елита, но можат да се пофалат со двојна победа над градскиот ривал.

Се на Емирати се вртеше околу Диего Коста. Шпанецот најпрво изнуди црвен картон од Пер Мертесакер во 18-та минута, а во 23-та ги постигна единствениот погодок на мечот.


По оваа победа „сините“ скокнаа на 13-та позиција додека „топчиите“ заостанаа три бодови од Лестер кој е осамен на врвот од табелата.

Резултати : Евертон – Свонси 1-2, Арсенал – Челси 0-1

Табела : Лестер 47, Мен Сити 44, Арсенал 44, Тотенхем 42, Мен Ју 37, Вест Хем 36…

Мх.П.