По изедначениот прв дел, охриѓани до победата стигнаа во вториот дел кога на стартот направија разлика која успеаа да ја одржат до самиот крај.

– Мојата цел како тренер не беше уште во првото коло екипата да биде подготвена. Повеќе се подготвувме на физички план, а подоцна на техничко –тактички план. Екипата на Струга воопшто не е онаа истата како од првиот дел и одигра далеку подобро од оној првиот меч. Презадовелен сум од залагањето, и сметам дека ова ќе биде нашиот најслаб натпревар сезонава, ќе го снема притисокот и секако момците ќе бидат посвежи –  вели Андоноски

Ракометарите се сложуваат со констатацијата дека одиграле први триесет минути во грч, а подоцна успеале да влезат во ритам.

– Дефинивтно во првиот дел одигравме под очекувањата, но имаме уште една недела, а нашата цела енергија беше насочена кон стартот на шампионатот, кој започнува в недела. Затоа тешко одигравме во првото полувреме, додека во второто работите си дојдоа на свое место – истакна голманот Пецаков кој со серија одбрани во вториот дел ја одржа предноста на “белиот“ тим.

– Споро почнавме, но како одминуваше така влегоувавме во ритам, имавме стонастоната реализација од
седумте метри која се покажа како клучна во победата – рече Трифуноски кој со девет гола беше најпрецизен во охридскиот тим.

– На полувремето ги сослушавме советите на нашиот одличен тренер и успеавме да се пласираме во наредната фаза од националниот куп во Македонија – потенцираше крилото Андоновски.

М.П.