Европската фудбалска унија (УЕФА) има во план да го поправи угледот на
Лига Европа, за која традиционално не постои поголем интерес кај
големите европски клубови.

Мишел Платини, првиот човек на УЕФА, решил да ја направи Лига Европа
атрактивна и привлечна за големите и богати клубови на Стариот
континент, со тоа што на победникот на ова натпреварување би му било
овозможено директно да се пласира во Лигата на шампиони.

Платини потврдил дека на оваа тема во УЕФА се разговара веќе подолг
период најавувајќи дека наскоро би можеле да бидат објавени измените.

„Лигата на шампиони, финансиски е поисплатлива за сите тимови, поради
тоа мора да изнајдеме начин да ги мотивираме екипите во Лига Европа да
играат во најсилните состави. Една од тие можности е победникот да игра
во Лигата на шампиони“,
рекол Платини.

“Макфакс“