Еден германец се искрал од болницата во Минхен како би отишол во една од познатите градски пивници да го прослави својот 94 роденден со кригла пиво, соопштила германската полиција. Старецот, кој имал интравенозна игла во левата рака, го забележал еден минувач во подземната железница.

Тој го едвел човекот до управта на метрото која повикала полиција. По кратка истрага се воспоставило дека старецот побегнал од една клиника во Минхен. Тој изјавил дека отишол во пивница да го прослави роденденот. Полицијата навела дека бил вратен во болница каде лекарите му дозволиле да нарача пиво по свој избор.