Еден затвореник кој добил забоболка се искрал од затвор во Шведска како би отишол на стоматолог. Штом го поправил забот, се предал на полицијата. Затвореникот побегнал од затворот со низок степен на безбедност во Естрегард, на југозападот од земјата на почетокот на номеври, само два дена пред пуштањето на слобода. Човекот, чие име не е наведено, им се жалел на чуварите дека го боли забот четири дена пред да излезе од затворот.

Иако имал електронска нараквица, која се вклучила штом ја напуштил зградата, полицијата не успеала да го лоцира. Сега веќе поранешниот затвореник раскажал дека му отекло цело лице. На крајот веќе не можел да ја издржи болката. За казна поради бегањето престојот во затворот му бил продолжен за 24 часа.