Екипата на Тотенхем после голема драма и борба успеа да го елиминира Манчестер Сити во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Вкупниот резултат во англиската пресметка беше 4-4, но „петлите“ пласман понатаму обезбедија благодарение на правилото „гол во гости“. Првиот меч во Лондон заврши 1-0, додека „граѓаните“ победија со 4-3.
- Разочарувањето беше големо после петтиот погодок на Манчестер Сити, но радоста беше голема кога ја променија одлуката. Покажавме карактер во меч кој дефинитивно избега од контрола. Затоа се сака и гледа фудбалот, бидејќи се случуваат непланирани работи. Среќни сме поради пласманот во 1/2 финалето. – изјави тренерот на Тотенхем, Маурицио Почетино.
Во 1/2 финалето англискиот премиерлигаш силите ќе ги одмери со Ајакс, кој го елиминираше Јувентус.
OhridNews
ЛШ: Трилер меч на Етихад со среќен крај за Тотенхем, Ливерпул рутински на Драгао (видео)