
Лекарите 4 часа безуспешно се обидувале се справат со исклучително ниската телесна температура и состојабата на колапс. Околку два часот по полноќ девојчето починало. Причините за смртта остануваат непознати. Досегашните анализи на крвта не го откриле винивникот за прогресивниот напредок на болеста. Семејството одбило причителот да се најде преку обдукција на телото.
„Примено е со гастроинтестинална сипмтоматологија и сите испитувања оделе во таа насока. Но, самата колапсна состојба, самата шокова состојба значи исклучително тешка можност за земање крв и други анализи, за да се спроведат сите можни дијагностички постапки што би се спровеле во нормални услови “, изјави д-р Ѕвонко Миленковиќ, директор на Инфективна клиника.
Опасност од свински грип нема, но регистриран е првиот случај на западно- нилска треска годинава. Вирусот е потврден кај 5-годишно дете од Прилеп, кое по укажанат лекарска помош на Детската клиника во Скопје пуштено е на домашно лекување. Периодот во кој е регистриран овој случај е нетипичен за појава на вирусот.
„Не е типичен, но имаше многу ниски температури, па повторно тие нагло пораснаа. Претпоставуваме дека е импортиран од соседните земји, обично тоа е од Грција, а може и да е некој заглавен и останан тука, па го направил тоа што го направил, бидејќи се појавува во централна Македонија. Нама правила, во медицината два и два често не се четири“, потенцира д-р Аспазија Софијанова, дир.на Клиника за детски болести.
Најчестите симптоми кои укажуваат на овој вирус се малаксаност, треска и главоболка, но кај децата можно е да се јават и проблеми со дижењето, зборувањето, како и искривување на лицето.
OhridNews
Извор:„Телма“












