По долго боледување, во четврток во раните утрински часови почина поранешниот претседател на ПДП, Абдурахман Алити.

Алити беше умерен политичар, со јасна визија дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

Во неговиот политички живот, Алити двапати беше избран за пратеник, а беше и македонски амбасадор во Софија, Бугарија.

Погребот на Алити ќе биде денеска во 17 часот, во селските гробишта тетовско Желино.

Оhridnews
извор:„Макфакс“