По долго боледување во 82-та година од животот почина академик Цветан Грозданов, еден од најреномираните византолози на Балканот, пренесува порталот „Факултети.мк“. Тој зад себе остави голем број научни трудови, а особено значаен е неговиот придонес во изучувањеto на делото на Св. Климент Охридски.

Цветан Грозданов е роден во Охрид, во 1936 година. Беше доктор на науки, долгогодишен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, прв министер за култура во независна Република Македонија и во еден период претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Добитник е на бројни награди и признанија. 

OhridNews