Американскиот актер Џејмс Авери, најпознат по улогата на Филип Бенкс, вујко на главниот лик во серијата Принцот од Бел Ер, почина на 65 годишна возраст од компликации по неодамнешната операција на срцето, јавува „Макфакс“.

Авери, исто така, се појавуваше и во сериите Вовед во анатомија, Законот на Хари, Ѕвездени патеки и редица други филмови.

Алфонсо Рибеиро, кој во серијата Пронцот од Бел Ер го глумеше неговиот син Карлтон, веста за смртта ја објави на Твитер и Фејсбук.

„Светот загуби навистина посебен човек. Тажен сум што морам да кажам дека Џејмс Авери почина. Ми беше втор татко. Многу ќе ми недостига“, напиша Рибеиро.

OhridNews
извор:„Макфакс“