Актерот Иан Холмс, познат по улогата на Билбо Бегинс од „Господар на прстените“ почина на 89 годишна возраст.

Веста за смртта ја потврди неговиот агент за „The Guardian“. Тој изјавил дека неговото боледување било поврзано со Паркинсонова Болест.

Холмс е добитник на BAFTA и номиниран за Оскар, за неговата улога како Сем Мусабини во филмот „Колиби на оган“. Во текот на својата кариера има освоено бројни престижни филмски и театарски награди. Легендарна е и неговата изведба на улогата на Ash во филмот „Alien“.

Роден е во 1931 година во Есекс, а зад себе остави сопруга и пет деца.

OhridNews