Во 44-та година од животот, вечерва, ненадејно почина актерот  Васил Шишков, син на бардот на македонското глумиште Ристо Шишков, јави порталот “А1on”. Веста за смртта на Шишков ја пренесоа повеќе портали, но засега не се изнесуваат детали за причините за смртта на актерот Васил Шишков.

Шишков на македонската театарска сцена се појави во1991 година. Има настапувано во повеќе домашни серии, тв проекти и филмови.

OhridNews