Британскиот актер Боб Хоскинс почина денеска до воспаление на белите дробови во 71-та година од животот, соопшти неговиот агент, пренесува „Макфакс“.

„Боб почина мирно во болницата минатата ноќ, опкружен со пријателите, до воспаление на велите дробови“, се вели во соопштението објавено во името на сопругата на актерот Линда и децата. Во него се повикува на почитување на приватноста на семејството и се изразува благодарноста за пораките со сочувство и поддршка.

Боб Хоскинс во 2012 година ја прекина актерската кариера откако му беше дијагностицирана Паркинсоновата болест.

„Боб Хоскинс се прослави со улогите во филмовите „Котон клаб“ од 1984 година, „Бразилија“ од 1985-та, „Мона Лиза од 1986-та, „Кој го намести за зајакот Роџер“ од 1988-та и „Никсон“ од 1995 година.

OhridNews