Во 86 година од животот почина познатиот доктор интернист Верољуб Василевски# еден од основоположниците на модерното здравство во Охрид.
Д-р Верољуб Василевски долги години беше директор на Општата болница во Охрид, а раководеше и со општинската организација на Црвениот крст Охрид.
Погребот на д-р Верољуб Василевски ќе се изврши на 14 јуни, сабота, на градските гробишта во Охрид во 11 часот.
OhridNews