Еден од најпознатите македонски диџеи, Љупчо Петровски диџеј Бабура, почина утринава по долго боледување, објавија националните медиуми. Легендата на македонската радио и клупска сцена, ја загуби битката со болеста на 44-годишна возраст.

Кариерата на Петровски почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за подоцна да стане резидент во двете најголеми скопски радија, „Антена 5 радио“ и потоа во „Сити радио“, каде беше и косопственик.

Препознатлив по хаус музика, Петровски настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.

Пред повеќе од една година, диџејот и неговата сопруга станаа родители на две момчиња, близначињата Јаков и Јаким.

OhridNews