Во 42-та година од животот, денеска, ненадејно почина Петар Алексоски, директор на техника во телевизија ТВМ.

Петар беше дел од ТВМ од нејзиниот почеток и остави силен белег во дваесет годишното постоење  на телевизијата. Исклучително креативен, одговорен кон својата работа Петар Алексоски втемели  дел од себе во програмскиот развој на оваа телевизиска куќа.

Зад себе остави  бројни и значајни телевизски проекти од сферата на докумнетарната, забавната, спортската и играната програма. Посебен печат остави во маркетингот, создавајќи стотици рекламни спотови, најавни шпици и посветено се грижеше за визуелниот изглед на целокупната програма.

И покрај големите работни обврски Петар секогаш беше со ведар дух и со леснотија ги надминуваше сите предизвици и несебично им помагаше на сите свои колеги. Беше омилен и почитуван не само во својата матична куќа, туку во целокупната медиумска заедница во Охрид.

Со смртта на Петар Телевизија ТВМ загуби пред се исклучителен човек, беспрекорен работник, голем другар и пријател, кој секогаш ќе биде во мислите и срцата на колегите.-стои во соопштението на телевизија Тв М, по повод ненадејната смртт на колегата Петар Алексоски.

По повод смртта на Петар Алексоски, во просториите на Телевизија Тв М во вторник во 13 часот ќе се одржи комеморација.

Посмртните останки на Петар Алексоски, во вторник ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта од 14 часот, а погребот ќе се изврши во 15 часот.

OhridNews